Дејвид Чарaнди

Дејвид Чарaнди е вонреден професор на Катедрата за англиски јазик на Сајмон Фрејзер Универзитетот. Специјализирал за канадска и пост-колонијална литература, и има објавено многу статии и поглавја во академски книги. Неговиoт прв роман, насловен Soucouyant, e преведен на француски, германски и албански јазик, и е номиниран за единаесет литературни награди и признанија, вклучувајќи ги наградите Governor General's Award и Scotiabank Giller Prize (Канада), The ForeWord Magazine за наградата Книга на годината за книжевна Фикција (УСА), Commonwealth Writer's Prize за Најдобра дебитантска книга ( Канада и Карибите), Prix Carbet de la Caraïbe ( Франција), и Интернационална IMPAC Dublin Award. Неговиот претстоен роман, насловен Брат, ќе биде објавен од McClelland & Stewart во 2014.




К. В. Јохансен

К. В. Јохансен е родена во Кингстон, Онтарио, Канада во 1968 година е авторка на десетина фантастични и научно-фантастични романи за деца и млади, збирки на раскази за возрасни, како и серијата на сликовници „Пипин и Мејбл“. Студирала англиски јазик и историја на Универзитетот Маунт Алисон, а магистрирала средновековни студии во Центарот за средновековни студии на Универзитетот во Торонто, како и англиски јазик на Универзитетот Мекалистер во Хамилтон. Живее во Саквил, Канада. Членка е на Сојузот на писатели на Канада, Толкиновото здружение, како и Друштвото за проучување на раноанглиски текстови. Добитничка е на низа национални награди за литература, како Наградата за рана детска писменост (2000), Наградата Френсис Е. Расел за истражување на детската литература (2004), Наградата Лила Стирлинг од Канадското друштво на писатели (2006) и наградата Ен Конор Бример (2008).) Многу од нејзините книги се вклучени во библиотеката во Онтарио во најдобрите десет книги за деца и тинејџери. Нејзината последна епска фантазија за возрасни Blackdog, беше во потесниот избор за награда во 2012 Sunburst Award за Канадска фантазија. Нејзините дела се преведувани на француски, дански, и македонски, а во 2010 година ја доби интернационалната награда “Ана Франк” за детска литература во Македонија.